Енергичен старт на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ
Новата Влада во Македонија за само неколку месеци постигна значајни резултати за краток период веќе се чувствуваат промените особено во областа на економијата. Енергичниот старт се гледа преку исплатата на заостанатите плати во повеќе сектори, покачените пензии, нови автопати, многу проекти со кои животот на граѓаните станува подобар. Меѓудругото, Владата направи и ребаланс на Буџетот со кој се обезбедија клучните дејности.
Повеќе за инвестицискиот бум може да погледнете во продолжение:
Освен многуте проекти и инвестиции Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ сака да помогне и директно на општините и бизнис секторот преку различни бенефиции. За ваква помош, неопходен беше заем кој Владата се договори да го добие од Унгарија со поволна каматна стапка. Во овие неколку месеци Владата постигна договор за заем од Унгарија од 500 милиони евра.
Мицкоски – Орбан: Догороена поволна камата и рок на отплата
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски во овие месеци имаше и средби со премиерот на Унгарија Виктор Орбан. Ваквите средби според премиерот беа оценени како исклучително квалитетни и плодни средби.
„Разговаравме за неколку теми меѓу кои и темата којашто можеби за македонските граѓани е најважна, а тоа е дека двете влади се договорија во иднина да воспостават специјална економска соработка, нешто што ќе значи сигурност и нешто што ќе значи финансиска стабилност за нашата македонска економија. Унгарската Влада ќе ѝ позајми на македонската Влада сума од 500 милиони евра под следните услови, а тоа се камата од 3,25 проценти, три години грејс период, и 12 години рок на отплата, што е вкупно 15 години“, се вели во снимената изјава на Мицкоски“, изјави Мицкоски во јуни.
Економска соработка меѓу Македонија и Унгарија
Имајќи предвид дека двете држави воспоставија „специјална економска соработка“ тоа подразбира дека во иднина, кога ќе има потреба од такво нешто ќе можеме повторно да се обратиме до нашиот специјален економски партнер, а тоа е унгарската Влада и да побараме поддршка дополнителна што ќе биде потребна за македонската економија. Вака премиерот Мицкоски го опиша договорот и објасни која ќе е неговата намена.
„Сакам да ја информирам македонската јавност дека овие 500 милиони евра ќе бидат употребени на следниот начин: 250 милиони евра директна поддршка за македонската економија под истите услови, 3.25 проценти камата, три години грејс период, 12 години рок на отплата или вкупно 15 години“, рече Мицкоски.
Македонската економија ќе добие услови кои што досега не можела да ги добие на економскиот и финансискиот пазар, а 250 милиони евра ќе бидат наменети за капитални проекти, кои што ќе бидат изведени во општините и ќе бидат исклучиво наменети за потребите на граѓаните.
Зошто на Владата ѝ е потребен заем од Унгарија?
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница се надоврза на премиерот Мицкоски велејќи дека унгарскиот заем ќе биде за наменет за економијата. Стојаноски објасни на што ќе бидат потрешени парите од владата на Унгарија и обелодени три главни намени: Дел од средствата ќе одат за сервисирање на буџетот, дел ќе биде наменето за стопанството и дел ќе биде за проектите од општините.
Во меѓувреме, продолжува деструктивното работење на СДСМ и Левица кои и овој закон го оспорија велејќи дека на Македонија овој заем ѝ е непотребен притоа не нудејќи никакво решение.