Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вчерашното издание на „Трилинг“ потврди дека поседува докази за корупција кај довчерашни високи функционери. Тој не откри за кого станува збор, но најави дека секој што огрешил ќе се гони.

На прашањето од каде ќе почне со борбата против корупцијата и криминалот, Тошковски е дециден:

Од секој еден за којшто имаме докази дека сторил криминал. Од секој еден што душмански го крадел својот народ.