Според него, нашето население се уште нема доволно имунитет за да сме блиску до нормализирање на ситуацијата.
-Генерално ги следиме препораките на СЗО, а таму нема вакво нешто за прележаните со Ковид-19 да примат една доза на вакцина. Голем дел од многу развиени земји, но и нашата, потврдуваат дека една доза на вакцина кај оние што прележале, постигнуваат имунитет, кој што е посолиден од две дози на вакцина кај луѓе што не се заразиле. Со тоа, ќе заштедиме вакцини, но и нема да ги изложуваме на некаков ризик, тие што веќе имаат солиден имунитет, додаде Петличковски.