Какви симптоми имал пациентот?

Првичните симптоми кај пациентот биле малаксаност и покачена температура, но поради влошување на состојбата е упатен на Инфективна клиника, каде е хоспитализиран со воспаление на мозокот. Само еден отсто од случаите заразени со западно-нилска треска развиваат невролошки манифестации-објаснува доктор Фадил Цана. 80 проценти од пациентите се асимптоматски, а 19 отсто имаат симптоми на настинка и не знаат дека го имаат вирусот.

Почина 78- годишен маж од западнонилска треска

Доктор Цана ги објаснува деталите за смртниот случај

„Имаме 77- годишен пациент, кај што се развива таа невролошка манифестација која може да заврши со летален исход. Тоа што сите го знаеме, и светот го знае, и научната јавност дека за вестнајл вирусот нема специфична терапија. Ако може да се превенира нешто, тоа е преку програмите за дезинсекција што е во надлежност на општини и на други институции“, изјави д-р Фадил Цана – директор на Клиниката за инфективни болести.

Починатиот не патувал надвор од државата

Епидемиолошките истражувања покажале дека починатиот се занимавал со земјоделство, не патувал надвор од државата, ниту од местото каде што живеел.

„Она што е наш домен, во моментов ние поседуваме тестови за детектирање, односно за испитување, потврдување на западно – нилската треска“, вели Марија Андоновска – директор на Институтот за јавно здравје.

Од Институтот за јавно здравје не ја исклучуваат можноста од нови случаи со западно – нилска треска.

Четврт ваков случај во државата

Ова е четврти лабораториски потврден случај на западно-нилска треска во земјава. Првите два се импортирани, а останатите автохтони, потврден кај жители од Тетово и Кочани.