Системот на ЕВН веднаш алармира ако има отстапки во потрошувачката. По ваков сигнал за кој екипите на ЕВН се посомневале дека се работи за нелегално поставени фотоволтаици, брзо бил откриен нов начин за кражби на струја, со уред кој ја враќа струјата во системот. Уредот прво бил откриен во Струга, а веднаш потоа биле евидентирани уште неколку случаи во цела Македонија. Меѓу нив има и познати кафеани, ресторани, пекарници, сендвичарници и други локали во Скопје и на други атрактивни локации во земјата. Имено, уредот кој екипите на ЕВН го затекнале на терен не само што не ја евидентира потрошувачката на струја, туку и враќа во системот.
За сите сторители на кражби на струја ЕВН поднеле кривични пријави до Јавното обвинителство од каде потврдуваат дека пријавите се примени и по нив се постапува. Кражбата на струја е кривично дело и предвидена е казна затвор од 5 години и парична казна за компаниите од 1500 до 15.000 евра. Годишно се евидентираат околу 350 случаи на кражби на струја.
Повеќе во емисијата КОД на Телма