Гаши ја префрла топката кај Даути

По неколкудневните преписки за Законот за бранители, денеска се огласи собранискиот спикер, Африм Гаши кој најави дека ваквиот закон ќе заглави во собраниските лавиринти.

„Нема да биде решен проблемот со Предлог законот за посебни права на бранителите“ – вели претседателот на законодавниот дом Гаши.

Топката ја префрли на пратеничката од редовите на „Европскиот фронт“ Илире Даути. Според Гаши, таа поради политички убедувања не ја ставила точката на дневниот ред на седницата на Комисијата за социјални политики со која претседава. Собранискиот спикер оценува дека работел според Деловникот и дека во моментот одземено му е правото да интервенира.

Закани и притисоци не поминуваат кај премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не попушта пред коалицискиот партнер Вреди. За заканите на пратеникот Халил Снопче, Мицкоски порача „Нека му е со среќа“ и додаде дека власта останува на ставот за бранителите. Сепак, тој е дециден кај него закани и притисоци не поминуваат.

Нека му е со среќа, рече Мицкоски за изјавата на Снопче дека ќе ја напуштат Владата ако се донесе Законот за бранители

Снопче ретерираше за заканите

Откако Снопче увиде дека власта на ВМРО-ДПМНЕ го брани достоинството на Македонците и повеќе дека нема попуслива политика како СДСМ со Заев и Ковачевски, вчера Снопче си го „свитка опашот“ и ретерираше за тоа што го изјави. Снопче потврди дека тоа било само политички став, а не закана.

Таравари и Мицкоски ги смируваат страстите откако Законот за бранители ја разниша владината коалиција

Филипче стана патриот во опозиција

Лидерот и пратеник на СДСМ Венко Филипче, вели дека се исцрпуваат сите ресурси Законот за бранителите да се најде на собраниска комисија, но не размислуваат за барање за разрешување на Даути. Венко Филипче стана „патриот“ во опозиција и сега се бори за овој закон, а заборави дека неговата партија цели седум години беше на власт.

Следната недела се очекува епилог

На Комисијата за деловнички прашања следната недела ќе се носат заклучоци за коализија на одредени членови од Деловникот. Гаши сè уште не одлучил дали на дневен ред ќе биде и барањето на социјалдемократите да се разгледува дали со незакажување на комисиска седница наместо Даути, тој го прекршува Деловникот. Вицепремиерот Изет Меџити отворено коментираше дека Законот нема да помине во Собранието.