Заменикот претседател на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски, во рамките на меѓувладината седница помеѓу Република  Македонија и Република Унгарија оствари билатерална средба со Заменикот претседател на Владата на Република Унгарија Золт Семјен.

Соговорниците разговараа за повеќе актуелни теми при што истакнаа дека Македонија со Унгарија споделуваат исти традиционални вредности во многу сфери, пред сѐ во делот на проширувањето на ЕУ, а претходно НАТО, и секако во делот на економијата и слободата на вероисповед и правото на верско изразување.

Исто така беше потенцирано дека имплементацијата на стратешките проекти подразбира зајакнување на суверенитетот на земјата, но и на ЕУ, особено заради интеграција на регионот во целина. Инаку, Унгарија е силен поддржувач за наше забрзано и целосно европско интегрирање.