Исплашени и испаничени патници искршиле прозорци од автобусот со кој патувале за да избегаат од него.
Како што јави ТВ21, во автобусот на туристичката компанија Ројал, кој се враќал од Грција, се појавил чад, што ги исплашило патниците.
Настанот бил во околината на Велес. Вработените во автобусот им кажале на патниците да излезат од автобусот, но бидејќи во тој момент вратите не биле отворени патниците ги скршиле стаклата за да избегаат.