Премиерот, Христијан Мицкоски утре ќе даде отчет за сработеното во првите 100 дена од мандатот, соопшти Владата.

Оттаму велат дека премиерот, под слоганот „100 проценти посветени, за тебе!“ ќе ги презентира резултатите од досегашното работење, проектите и мерките кои беа спроведени во изминатиов период од кога новото раководство ја презеде извршната власт.

Викендов и коалицијата „Вреди“ даде отчет за сработеното, истакнувајќи ги реформите за враќање на изгубената доверба на граѓаните во институциите и борбата против корупцијата.