Според него, тука нема ништо лошо, туку напротив има сериозна победа на македонската дипломатија.
„Прво од билатерално, прашањето со Бугарија се издигнува на ниво на дискусија со ЕУ. Понатаму, самиот договорот за добрососедство по својот концепт на добри релации со соседите е нешто што влегува и во Копенхашките критериуми. Понатаму, сериозен успех на дипломатијата е тоа што за разлика од Србија, каде што релациите со Косово се во посебно поглавје, овој договор и почитувањето на договорот практично е само во општиот дел на преговарачката рамка“, вели Филипче.