Игор Јанушев којшто ја извршува функцијата генерален секретар на Владата утробо гостуваше на Радио Лидер на емисијата „утринско еспресо“ каде водител беше новинарот Љупчо Златев, а ководител Сотир Костов.

Први сто дена

На новинарско прашање за првите сто дена Јанушев вели дека владата интензивно работела, но следуваат уште поголеми проекти.

За дали добро сме работеле или не ќе кажат граѓаните. Секогаш може подобро, очекувањата на луѓето се огромни, а притисокот се прелева на владата. Со оглед на тоа како започнавме сигурно ќе продолжиме уште подобро. Се она што го слушнавме вчера од господинот Мицкоски, допрва доаѓаат програми кои ќе бидат од бенефит за граѓаните, вели соработникот на премиерот Мицкоски.

Политички реваншизам

Политичкиот реваншизам Јанушев вели дека го осетил на свој грб.

Немам од што да се плашам, политичкиот реваншизам го осетив на сопствен грб во изминатите шест години. Немам никаков проблем, сум поминал повеќе од 15 години на различни позиции во административниот апарат и со тоа немам никаков проблем. Знам кои ми се јаките страни и слабостите и знам како можам да помогнам во функционирањето на Владата, рече Јанушев.

Што наследила Владата?

Што наследила Владата? На ваквото прашање Јанушев вели дека целосно негрижа имала власта предводена од СДСМ и ДУИ.

Затеканавме општ хаос на секое поле. Негрижа за објектите, целосно искористени државни ресурси за партиски цели. Хаосот е неверојатен, па и во поглед на самите владини седници. Проблемите се наталожиле, со години биле оставени да висат во таква состојба, заклучува генсекот на Владата