Планот на албанската опозиција е 10 дена прес-конференции за неуспесите на Владата, а потоа на терен да ги мотивираат граѓаните, кои по еден месец треба да кулминираат со протести пред Собранието и пред Владата. Главната порака е дека без избори нема да бидат дел од ничија влада.
Ние не сме резервна гума, тој што има проблем на патот нека дојде кај нас – дојдете сите да му го покажеме на Мицкоски местото и црвените линии – нови закани од Европскиот фронт и најави за силна борба против како што велат грдата антиалбанска кампања.
Со пораки до Вреди да излезат од Владата и заедно со Европскиот фронт да му го покажат местото на премиерот Христијан Мицкоски до каде смее да оди со Албанците и дека нема да влезат во Владата затоа што не се резервна гума, лидерите на Европскиот фронт Али Ахмети и Зијадин Села ја почнаа офанзивата во битката за легитимитетот.
Планот е 10 дена на прес-конференции да говорат за, како што велат, неуспесите на Владата, а потоа на терен да го мотивираат членството и граѓаните, кои по еден месец треба да кулминираат со протести пред Собранието и пред Владата. Главната порака на Европскиот фронт од „100 дена скандали и неуспеси на Владата“ е дека без избори нема да бидат дел од ничија влада.