Од АМСМ известуваат дека е случена сообраќајна незгода во осум часот на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај клучка „Лагово“. Веројатно има неколку жртви.

Патот е затворен за сообраќај.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, инфомрираат од АМСМ.