Денес се навршуваат 29 години од атентатот врз поранешнот претседател Киро Глигоров. И покрај долгогодишните ветувања на релевантните институции дека извршителите ќе бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата до денес нема никакви конкретни резултати.

Обидот за атентат се случи на 3-ти октомври 1995-та година откако автомобил-бомба експлодира на улицата „Македонија“ во непосредна близина на хотелот „Бристол“.

Глигоров атентатот го преживеа, со тешки повреди на главата. Загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. На повредите подоцна им подлегна и Ристо Хаџиманов, пензионер, кој бил случаен минувач покрај местото на настанот.

Киро Глигоров почина од природна смрт на 94-годишна возраст на 1-ви јануари 2012-та година.