Најавени крупни проекти

Министерот Николоски најавува крупни проекти во областа на транспортот додека тој е на челната позиција во ова министерство. Брза пруга, автопат Кичево-Охрид, автопат кон Бугарија, регионален пат Прилеп-Градско, гасно поврзување со Србија. Значајно е да се напоменетоп дека брзата пруга од Скопје до Солун која ќе биде со 200 километри на час освен што ќе помогне за превозот на патници, ќе биде и клучен двигател на македонската економија.

Николоски: Брза пруга кон Солун е еден од главните приоритети, ќе се вози со 200 километри на час

Наследена тешка ситуација во министерството за транспорт

Николоски кажа и дека Министерството со кое раководи наследило тешка ситуација и празен буџет.

„Буквално третиот ден се соочив со ревизорскиот извештај за работењето на ЈП за државни патишта и двете железнички претпријатија. Го доставив до ЈО, но до денес немам информација дека ЈО постапило иако се работи за многу сериозни наоди“, нагласи Николоски.

Автопат Кичево – Охрид

Пред почетокот на наредното лето се очекува да биде пуштен во употреба голем дел од автопатот Охрид – Кичево, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. На отчетот за 100-те дена Влада, Николоски рече дека кредитот за реализација на овој проект е ефективен и парите биле одобрени.

„Очекувам од 7-ми октомври средствата да се стават на располагање на изведувачите што ќе ја зголеми динамиката на изведба на автопатот Охрид – Кичево. Во таа насока правиме измени на Законот за експропријација во делот на оставинските постапки кои се голем проблем за реализирање инфраструктурни проекти“, изјави министерот Николоски.

Пруга кон Бугарија?

Придобивките од брзо поврзување се европските држави се големи, но сепак, реализацијата на пругата до бугарската страна ќе почека подобро време.

(ВИДЕО) Брза пруга Скопје до Солун со 200 километри на час: Николоски ги соопшти крупните проекти на министерството за транспорт и врски

Изградбата на модерни патишта, железницата и реконструкција на инфраструктурата во Македонија останува приоритет на Министерството за транспорт.

Останати проекти

Николоски на отчетот за сработеното рече дека ќе се работи засилено на секое поле и ќе се завршат сите започнати проекти. При крај е градбата на експресниот пат Чатал-Крива Паланка, во должина на Коридорот 8 што треба да го поврзе Куманово со граничниот премин Деве Баир со Бугарија. Привршуваат и работите на експресниот пат Градско-Росоман и се очекува до крајот на годината да биде пуштен во употреба.