Обилните врнежи во изминатите 24 часа на подрачјето на општините Јабланица, Коњица, Кисељак, Фојница и Крешево им нанесоа потешкотии на жителите од тие општини во Босна и Херцеговина, а во Јабланица има и жртви, јавува Н1.

„Поради големите поплави и одрони, голем број од населението е загрозено, со информации дека има жртви ако и голем број повредени и исчезнати лица“, соопшти Федералната управа за цивилна заштита (ФУЦЗ).

„Сообраќајот, телефонските и интернет врските се во прекин. Почнувајќи од Мостар, во Дрежница, големиот порој на Дрежанка урна пар мостови, однесе околу 20 автомобили, а засега немаме информации за човечки жртви во тој крај. Поради свлечиште, патот М-17 кон Долна Јабланица е непрооден“, се наведува во извештајот, додека од терен пристигна информација дека загинале две лица.

„Најтешка е состојбата, според информациите од теренот, во Јабланица и оолните места (Бутуровиќ Поље, Острожац, Челебичи) каде имало голем број одрони на куќи, свлечишта на патишта и поплавени куќи лоцирани покрај езерото“, соопшти Цивилна заштита.