Пожарникарите во Желино интервенирале за да извлечат комби со 11 патници, кое останало заглавено поради насобрана вода кај подвозникот во правец кон Сиричино.

Се испумпувало вода и од неколку куќи, дворови и подруми, како во градот, така и во мала Речица.

Тетовските пожарникари спасија 11 патници од комбе заглавено кај Желино

Граѓаните се предупредуваат да бидат внимателни. Метеоролозите и за денеска најавуваат врнежи од дожд.