Посебен режим на сообраќај на скопските улици утрово, главниот град во понаква магија. 13.400 натпреварувачи од 55 земји се пријавија на денешното 20-то јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон што претставува рекорд за оваа маниферстација.
Дел од улиците беа целосно затворени, па затоа се возеше под поинаков сообраќаен режим. Ваквот режим на сообраќај завршува во 14 часот.
Во меѓувреме, натпреварувачите во голем број трчаа по скопските улици. Илајдници граѓни трчаа почнувајќи од Собранието на Македонија, а крајната дестинација на сите трки беше плошадот Македонија.
Најмногу пријавени имаше за трката на 5 километри каде многу фирми, поединци се пријавија да бидат дел од трката.
Екипата на Радио Лидер беше на маратонот, а атмосферата оттаму ја пренесуваме во продолжение:
Директор на „Виз Ер Скопски маратон“ Кире Синадиновски очекува најдобро издание на јубилејната 20. спортска манифестација.