Во моментов 21 загинат, над 40 се водат како исчезнати Ужасот во градот Јабланица е неопислив – водата ги фатила луѓето додека спиеле. Загинаа цели семејства. Свлечиштата ги отсекоа населените места од светот, зградите се затрупани под дебел слој.
Изгубив четворица најблиски, веќе немам никого, куќата ми е целосно уништена, нема никој, никој, извика Алка Глушиќ, жителка на Доња Јабланица.
Водна катастрофа ги погоди и Хрватска и Црна Гора. Инцидентот се случи како последица на циклон и врнежи во Западен Балкан. Реките се излеаја од коритата.
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Ден по катастрофата во БиХ: Најмалку 20 жртви, се бараат исчезнатите лица
Во Босна и Херцеговина, покрај градот Јабланица со 4.000 жители, многу настрада и блискиот град Кониц.
Слушнав голем татнеж, како целиот рид да се упати кон нас. Слушнав и крици кои траеја неколку минути. Потоа сè згасна. Тогаш помислив дека сите таму се мртви, вели Низима Беговиќ, жителка на селото. на Доња Јабланица.
Тешката опрема продолжува да ги кине затрупаните куќи и автомобили. Километри патишта веќе не постојат. Во голем број погодени подрачја однесени се сите столбови, нема струја и телефонски линии.