Директорката на Агенцијата за вработување, Весна Пешова нагласува дека сериозен проблем државата има со работници во неколку области како: градежништво, угостителство и производство. Според информациите од почетокот на годината до сега Агенцијата одбрила околу 5000 странски државјани да работат во Македонија. Остаува да видиме дали ќе продолжи праксата на увоз на странски работници бидејќи голем дел од работниците од Непал веќе си одат.
Длабока демографска старост
Статистичките податоци покажуваат дека Македонија е во длабока демографска старост. Алармот е одамна вклучен – младите заминуваат, училиштата се празнат, нема кој да работи. Во државата остануваат пензионерите.
Во Скопје можеби кризата не се чувствува директно, но особено е загрижувачка ситуацијата во Пелагонискиот, Источниот и Југо-источниот регион.
Увоз на работна сила
Увзот на работна сила веќе неколку години се гледа како единствено чаре од ваквата ситуација. Македонија веќе започна со увоз на работна сила, но веројатно и тоа ќе биде неуспешно.
Работниците од Непал доаѓаат и си одат, а оттука се отвора прашањето дали државата и претприемачите ќе продолжат да носат работниц или пак ќе решат повеќе да ги платат своите работници, ако успеат да ги најдат.
Мерки на владата од ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ сериозен фокус обрнува на демографијата. Премиерот Мицкоски за координатор за демографија го постави Влатко Ѓорчев, а во следниот период најавени се олеснување на условите за домување на младите, мерка за трето дете, програми за стимул на младите да останат во Македонија.