Потсетување: Масакр во Србија
Коста Кечмановиќ уби вкупно осум ученици на возраст од 11 до 14 години и еден училишен чувар на лице место. Во ходникот убил чувар, две дежурни ученички и седумгодишно девојче кое излегло од тоалетот. Во своето одделение, тој прво ја застрелал наставничката по историја, при што тешко ја ранил. Потоа убил петмина свои врсници, а ранил уште шестмина. Едно од повредените девојки почина по 12 дена борба за живот.
Судење во Специјален суд во Белград
Пред зградата на Специјалниот суд во Белград, каде за денеска беше закажано судењето на Владимир и Миљана Кецмановиќ, таткото и мајката на момчето убиец кое на 3 мај минатата година уби девет негови врсници и обезбедувачот Драган Влаховиќ. , дојде адвокатот Огњен Божовиќ, кој ги застапува семејствата на убиените деца.
Миљана Кечмановиќ, мајката на момчето убиец, во судот дојде во придружба на адвокат, додека таткото на Владимир ќе биде спроведен до зградата на судот.
Убиецот Коста е спровден во судница
Според сознанијата на српски Курир, момчето убиец штотуку е донесен во судница, а самата судница е поделена на 3 дела со непробојно стакло така што момчето убиец седи зад првиот, неговите родители зад вториот, а во трет дел родителите на убиените деца.
Исто така, според сознанијата на српски Информер, момчето убиец изјавил дека сака да сведочи, што значи дека ќе мора да одгоори на секое прашање и нема да може да каже не.