Како што претходно истакнавме, момчето-убиец беше донесен во судницата, која беше поделена на три дела со непробојно стакло. Во првиот дел седи момчето убиец, во вториот неговите родители, а во третиот родителите на убиените деца. Од друга страна, дел од медиумите јавуваат дека родителите на убиените деца се уште се во првиот дел од судницата.
„Нема да може да каже не“: За првпат во судница момчето кое го изврши масакрот во Србија
Да потсетиме, момчето убиец се согласи да сведочи, што значи дека ќе мора да одговори на секое прашање, без можност да одбие да одговори. Во моментов првпат е очи в очи со семејствата на неговите жртви, како и со родителите со кои од обвинението му е забрането да комуницира.
Погледнете како изгледа судницата на Специјалниот суд:
Повеќе инфомрации од судењето ќе објавиме во текот на денешниот ден.