За да одиме напред, мора да имаме информации за минатото, поточно што ни остави владата на СДС, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение соопштението

Руинирани институции кои тонат поради корупција и криминал е состојбата која ја остави владата на СДС и ДУИ.

Дека единствен приоритет на претходната владата на СДС и ДУИ и бил сомнителни тендери, се гледа и од тендерот за автопатот Кичево-Охрид.

Фактите говорат дека на ДУИ и СДС приоритет им било местење на тендери, а не капитални инвестиции и изградба на инфраструктура.

Ова го потврдува Извештајот на Државниот завод за ревизија. Автопатот Кичево-Охрид, иако проектиран колку ќе чини, наеднаш станал поскап за 200 милиони евра и тоа без никакви детали.

Или кога станува збор местење тендери, ова е случај во најголем број од нив.

Одлика на тендерите на Владата на СДС и ДУИ е одложена изведба и зголемени трошоци, со што се оперетувал државниот буџет.

Оваа Македонија ќе ја смениме!

Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина!, стои во соопштението на владејачката партија.