Од МВР ги соопштуваат деталите за поднесената кривична пријава кон бизнисменот Фатмир Етеми. Од самите информации се забележува дека иницијалите за кривичната пријава се на Етеми.
На ден 10.10.2024 година, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за финансиски криминал во соработка со Одделот за криминалистичка полиција, поднесе кривична пријава против лицето Ф.Е. од Скопје, за сторено кривично дело „Измама при работењето со хартии од вредност и удели по чл. 275 ст. 3 од КЗ.
Од МВР ги соопштуваат деталите дека пријавата следува бидејќи Етеми злоупотребил внатрешни информации кои се поврзани со висината на дивидендата за 2023 година. Благодарение на ваквите информации тој се стекнал со 500 обични акции за кои платил вкупно 8.200.000,00 денари.
Пријавениот во својство на член на Надзорен одбор на банка од Скопје, злоупотребил внатрешна инфорација која се однесува на висината на дивидендата за 2023 година, која како член на надзорен одбор ја дознал во текот на 2024 година. На тој начин користејќи ja ценовно чувствителната информација истиот се стекнал со 500 обични акции, по просечна цена на чинење на акција од 16.400,00 денари или вкупно за акциите платил 8.200.000,00 денари.
Нелегално добиените информации Етеми ги споделил и на трети лица. На тој начин тие купил 701 хартија од вредност. Бизнисменот така го извршил кривичното дело „Измама при работењето со хартии од вредност и удели“ по чл. 275 ст. 3 о КЗ.
Кривично пријавениот сензитивните информации ги пренел и на трети лица поточно на членови на негово потесно семејство со што истите ја искористиле информацијата на начин што купиле 701 хартија од вредност (акција) на банката, по цена пониска од цената која што ја достигнала хартијата од вредност (акција). Односно за акциите биле вкупно платени вкупен износ од 11.520.967,00 денари, а овозможило да се стекнат со вкупна корист од 639.000,00 по основ на ценовната промена на акцијата како и вкупно 646.100,00 денари по основ на дивиденда. Со ова лицето Ф.Е прибавил противправна имотна корист за себе и за членовите на неговото семејство и на тој начин сторил кривично дело „Измама при работењето со хартии од вредност и удели по чл. 275 ст. 3 од КЗ.