Во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа гостуваше пратеникот и член на ИК, Миле Лефков.

Тој во однос на случувањата во опозицијата односно во Европскиот Фронт истакна дека тие се во шок од страна на ДПА и Мендух Тачи што до вчера ги промовираа и укажа дека граѓаните секојдневно гледаат дека нема повеќе нов скандали.

„Тие се наоѓаат во ситуација каде после долг временски период се наоѓаат во опозиција па сега се во шок од тие што до вчера ги промовираа. Конечно граѓаните видоа дека имаме Влада која нема повеќе секојдневни скандали, односно Влада на ВМРО-ДПМНЕ која има 100 дена проекти додека владата на СДС и ДУИ имаше 100 дена скандали“, рече Лефков.

Тој продолжи и истакна дека она што било слоган до сега, сега оди само на штета на политичките субјекти кои сакаат да продолжат со старите практики.

„Оние кои нè донесоа во ваква ситуација во која се наоѓаме и успеаја да ги заменат Копенхашките критериуми со тајни измислени критериуми на тајни седници. Истите тие кои сите протоколи при договарање т.н француски предлози ги криеја и договараа во четири очи, со специјални претставници во Бугарија и објавуваа протоколи кои не беа објавувани на македонски јазик сега дополнително се јавуваат како некакви креативци да имаме затворени седници“, вели Лефков.

Тој истакна дека како политичка партија СДС нецелосно ја прифатија пораката која ја добија од граѓаните, во спротивно не би излегле со вакви препораки.

„Вакви полусериозни предлози се само со една цел да се оттргне вниманието од нивната хаотичност и неспособност“, рече Лефков.