Повеќе од 130 луѓе се повредени во израелски ракетен напад врз станбена зграда во Бејрут. Според последните податоци на либанското Министерство за здравство, загинале 22 лица, а 117 се повредени.

Ројтерс цитира либански безбедносни извори кои велат дека целта била најмалку еден висок член на Хезболах, иако областа е далеку од јужните предградија кои се упориште на групата. Висок претставник на либанската милитантна група Хезболах е Вафик Сафа, соопштија израелски и либански извори, кој ја предводи разузнавачката служба на Хезболах, изјавија за Ројтерс три безбедносни извори.

За преживувањето на шефот на разузнавачката служба Хезболах објави и телевизискиот канал Ал Мајадин, пренесе ТАСС.