Цените на недвижностите во Скопје постојано растат. Трендот на раст на цените засега не покажува знаци на пад на цените. Само во последните три месеци, цените на становите во Скопје пораснаа за неверојатно 8 отсто, а ваквиот тренд го има и во останатите градови низ Македонија. Ова ја отвори дилемата кај купувачите и прашањето: „Дали а се купува стан во Скопје или да се чекаат подобри времиња“?
По која цена се движат становите моментално?
Како што пишуваат некои веб-страници чиј фокус се недвижностите, просечната цена за метар квадратен се движи од 1.100 до 1.900 евра, во зависност од локацијата.
Ако се направи проста математика ваквите цени значат дека за стан од 50 квадратни метри треба да се платат од 55.000 до 95.000 евра. Во меѓувреме пак, друга „кочница“ за граѓаните е високата камата или учеството по банките.
Овде спаѓа и купувањето на паркинг место кое во центарот на градот чини и до 15.000 евра што според многумина е претерано, но инвеститорите велат дека тоа е одраз на понудата и побарувачката.
Одраз понуда – побарувачка
И покрај „револтот“ кај дел од граѓните се јавуваат од другата страна градежните компании. Инвеститорите недвоумејќи се тврдат дека цените на становите се реални и, како што пишавме и погоре, дека се одраз на понудата и побарувачката на пазарот.
Нема простор за намалување на цената
Од градежната индустрија се категорични дека: нема простор за намалување на цените. Те исто така посочуваат дека градежните активности се во согласност со законските и стандардните норми, и дека нема никакво вештачко качување на побарувачката.
Нереални цени на становите: Што велат експертите?
Експертите во областа на недвижностите од една страна велат дека цените се нереални и не се одраз на реалната економска состојба, но од друга страна велат дека треба да се навикнат граѓаните дека многу е мала веројатноста да се вратат „старите цени од минатото кога квадрат се наоѓаше по 700-800 евра.
„Цените на становите во Макдонија се нереални и не се одраз на реалната економска состојба во земјава. Тие се резултат на монополистички практики, недостиг на информации и регулатива, и ниска понуда на квалитетни и енергетски ефикасни станови“, вели експерт за Денар.мк.
Како што додаваат, цените на становите во Македонија се во диспропорција со економските показатели и со цените во други земји во регионот и во Европа.
Како изгледаат цените во регионот?
Во меѓувреме, редакцијата на Радио Лидер истражи како се цените во регионот, а како мерило ги зедовме цените на крајбрежните локации. Таа вест може да ја прочитате во продолжение:,