Траорни последици по ураганот Милтон

Повеќе од 2 милиони домаќинства на Флорида сè уште се без струја. Околу 30% од бензинските пумпи во државата се без гориво. Откако полицијата пронајде постар човек бројката на жртви се искачила на 17 лица. Сите тие биле погодени од ураганот „Милтон“ во Соединетите Американски Држави.

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Што остави ураганот Милтон зад себе?

Властите во градот Тампа ги повикаа луѓето да возат со претпазливост поради поплавените улици и недостатокот на работни семафори. Неколку пристаништа во Флорида остануваат затворени, додека други објекти таму, како и неколку во други држави, сега работат.

Во продолжение може да погледнете што остави ураганот Милтон зад него:

Џо Бајден ги посети погодените области

Претседателот Џо Бајден утре ќе ги посети погодените области. Тој нагласи дека закрепнувањето од невремето ќе биде долго и тешко.

„Федералната агенција за управување со вонредни состојби, инженерскиот корпус и Националната гарда на Флорида се на терен и ѝ помагаат на државата во расчистувањето на остатоците и урнатините и отворањето на патиштата и критичните пристаништа. многу пари и време да ги исчистиме“, рече американскиот претседател на прес-конференција.

Претседателот посочи дека, според првичните проценки, штетата изнесува околу 50 милијарди долари. Бајден смета дека Конгресот треба да одвои дополнителни средства за справување со последиците од штетите предизвикани од ураганите Милтон и Хелен.