На 12 октомври 2024 година, во 02:42 часот, во СВР Скопје било пријавено опожарување на патничко возило „Опел Мерива“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Н. од Скопје. Од пожарот, кој се случил на улицата „Цветан Димов“, биле зафатени и две други возила – „Опел“ во сопственост на Е.Р. од Скопје и „Тојота“ сопственост на привтна фирма од Скопје.

Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје веднаш реагирала и пожарот бил изгаснат, при што нема повредени лица. Извршен е увид од надлежните органи, а причините за настанатиот пожар се истражуваат.