Мицкоски: Време е за трајно решение со јасен крај
Во своето обраќање, Мицкоски нагласи дека е подготвен на отворен дијалог со сите релевантни страни, за да се најде трајно решение кое ќе го обезбеди македонското членство во ЕУ.
-
„Останувам подготвен да разговарам со секого за да изнајдеме решение кое на долг рок ќе биде вистинско решение со јасен крај. А крајот треба да биде членство на Македонија во Европската унија,“ изјави премиерот.
Тој додаде дека Македонија како држава и народ има направено значителни отстапки и дека сега е време да се започнат европските преговори и да се отвори патот за поглавјата на евроинтеграциите.
Средба со Олаф Шолц: Потпишан акционен план за регионална соработка
Во рамките на Берлинскиот процес, Мицкоски оствари средба со германскиот канцелар Олаф Шолц. Средбата се одржа со цел унапредување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан и нивната интеграција во ЕУ.
Премиерите на земјите од регионот го потпишаа Акциониот план за заеднички регионален пазар за периодот 2025-2028 година. Овој документ е насочен кон зајакнување на економската сработка и приближување на регионалните економии кон европските стандарди.
Фокус на евроинтеграциите и регионалната соработка
Со потпишувањето на акциониот план, земјите од Западен Балкан покажуваат посветеност кон зајакнување на економската соработка и интеграција со Европската унија. Мицкоски истакна дека ова е важен чекор кон подобрување на регионалната соработка, но дека на крајот, успехот ќе се мери преку напредокот во евроинтеграциите.
-
Македонија направи многу отстапки, време е да започнеме со преговорите и отворањето на поглавјата,“ изјави Мицкоски, додавајќи дека очекува Европската унија да го препознае напредокот на земјата и да го отвори патот кон членството.