Како Израел го најде и уби лидерот на Хамас?
Синвар долг период се криел по тунелите во Газа. За војската да не може да дојде до него тој користел „човечки штит“ од израелските заложници. Вчера наутро при напад во Појасот Газа израелската армија уби три лица. Еден од нив може да биде Јахја Синвар, рекоа првично ИД. Војскат влезе во експлодираната зграда, каде ги откри телата на загинатите. Подоцна денеска израелските медиуми објавија фотографија од труп за кој се верува дека е на Синвар, по што следеа извештаи за ДНК тест кој ја потврди смртта на лидерот на Хамас.
Втор лидер на Хамас ликвидиран за краток период
Ова е втор лидер на Хамас што Израел го убива од почетокот на операцијата во октомври оваа година. На крајот на јули, Исмаил Ханија беше убиен во Техеран. Веднаш потоа, Јахја Синуар ја презеде улогата на политички лидер на движењето.
Синвар го предводел нападот на 7 октомври 2023
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац го објави како факт убиството на лидерот на Хамас Јахја Синвар. Земјата го обвинува дека го предводи нападот на групата на 7 октомври 2023 година, објави АФП.
„Масовниот убиец Јахја Синвар, одговорен за масакрот и злосторствата на 7 октомври, денеска беше елиминиран од војниците на ИД (израелската армија), рече Кац во изјавата испратена до медиумите.
Се огласи и Нетанјаху: Ги подмиривме сметките
„Хамас повеќе нема да владее со Пјасот Газа. Денеска ги подмиривме сметките. Ова е крајот на злобното владеење на Хамас. На драгите семејства на заложниците им велам: ова е важен момент во војната. Ќе продолжиме со полна сила додека сите ваши најблиски, нашите најблиски не се вратат дома“, рече израелскиот премиер Ненанјаху.
Нетанјаху побара Палетинците да го остават оружјето и да ги вратат назад заложниците. Дури тогаш може да разговараат за крај на војната.