Нови сведочења: Како се поврзале убиствата на Вања и Панче меѓусебно?

Началникот кој денеска сведочи дава идентичен исказ со неговите колеги. За таткото на Вања, Александар Ѓорчевски вели дека се однесувал чудно. Најпрво тврдел дека е киднапирана, па потоа дека е убиена. Двете приказни меѓу убиството на велешкиот пензиоер Панче Жежовски и малата Вања Ѓорчевска се спојуваат во моментот кога таткото на Вања донел слики од Цитроенот на велешанецот Панче Жежовски. Преку „пикап“ возилото кое било заедно со Цитроенот се дознале деталите.

Љупчо Палевски во судница
Љупчо Палевски во судница

Кешишев кажал каде е закопана Вања

Истрагата ги води до седиштето на партијата „Десна“ која се наоѓа во близина на Транспортниот центар во центарот на градот. Во куќата која служи како седиште на партијата го приведуваат Влатко Кешишев. Подоцна, токму Кешишев кажува каде е закопана Вања, а освен тоа и ја однел полицијата до местото. Тој пак ги упатил кон Велибор Манев со што почнале да се расчистуваат поврзаноста на двете убиства.

Таткото на Вања со сомнително однесување

Таткото за време на убиствата се однесувал „чудно“.

Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче: Таткото цело време тврдел дека е киднапирана, а Кешишев дал информации на полицијата.

„Кажете само колку пари треба“

Началникот на единицата за насилен криминал, Дејан Димовски денеска во кривичниот суд откри нови детали од грабнувањето на малата Вања. Еден од деталите кои досега јавноста не ги знаеше е дека таткото „по грешка“ пратил порака во групен разговор со родители од одделението на Вања. Кратката порака гласела „Кажете само колку пари треба“, но отпосле ја избришл пораката која ја пратил.

„Кажете само колку треба“: Таткото на Вања „по грешка“ пратил порака во групен разговор со родители, па набрзо избришал

„Пари за откуп“

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на Вања за да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп.

Палевски не признава вина

И покрај тоа што според многу верзии упатуваат на тоа дека првообвинетиот Палевски е органиатор на целиот овој грозоморен чин тој и понатаму не признава вина. Целиот разговор може да го погледнете од веста во продолжение.

Палевски не признава вина за двојното убиство: Дали ме видовте на некоја од снимките?

Следно рочиште на 13 ноември

Денешното рочиште беше прекинато од судијата Стефановски, а наредното тој го закажа да биде на 13 ноември. И понатаму ќе се обелодинуваат деталите за двојното убиство.