Германски компании влегуваат на македонскиот пазар

Нов ветерен парк на потегот Куманово кон Старо Нагоричане. Германска инвестиција вредна над 400 милиони евра. До крајот на годинава премиерот најавува влез на уште две германски компании. Едната ќе го шири бизнисот на нашиот пазар, другата ќе стартува со производство во земјава.

Мицкоски очекува зголемување на бројот на инвестиции до крајот на годината

Според Мицкоски, инвеститорот на ветерниците во изминативе четири години не успеал да ја реализира стратегијата, за што велат од Владата велат би требало да се позанимаваат истражните органи.

Зголемен извоз, намален увоз

Имајќи ги предвид капиталните инвестиции, додава дека во третиот и четвртиот квартал можеме да очекуваме раст и над три насто. Извозот во август споредено со истиот месец минатата година е зголемен за 12,2 насто, а увозот намален за 1,6 насто.

Можност за рецесија?

Состојбата во најголемата економија во Европа, Германија е повеќе предизвикувачка отколку охрабрувачка, а ние последиците би ги почувствувале во првиот и вториот квартал од следната година-вели премиерот.

Индустриско производство

Премиерот Мицкоски вели дека е зголемено и индустриското производство во јули за 3,8 насто, во август има пад за 1,6 што во просек е 1,1 процент. Проектите на општините ќе бидат објавени јавно.