Ривалство меѓу Ѓулен и Ердоган
Фетула Ѓулен во својот живот имаше жестока спротивставеност со Реџеп Таип Ердоган. Но, нивните почетоци се различни. Најпрво Ѓулен беше сојузник на Ердоган, но подоцна нивната врска се распадна.
Најголеми непријатели
Најголемиот непријател на турскиот претседател Реџеп Ердоган – турскиот исламски проповедник Фетула Ѓулен, почина во САД. Ова го пренесуваат светските агенции и турските медиуми. Ѓулен почина на 83-годишна возраст.
Обид за државен удар
По обидот за државен удар во Турција во јули 2016 година, владата конкретно го обвини Ѓулен и неговите поддржувачи за организирање на пучот, а движењето на проповедникот беше означено од турските власти како „Фетулахистичка терористичка организација“ (ФЕТО). Десетици илјади Турци беа уапсени под обвинение за поврзаност со движењето Ѓуленисти.
Ердоган се плашел о моќта на Ѓулен?
Светските медиуми пишуваат дека Ердоган се плашел од воен удар и од моќта на Фетула Ѓулен. Затоа беа започнати и масовните апсења. Безбедносните сили во Турција уапсија 210 лица под сомнение дека се поврзани со Ѓуленистичката организација ФЕТО. Меѓу уапсените има полицајци, полицајци и цивили, објави „Сабах“.
Ѓулен: Ердоган ќе заврши како Хитлер
Фетулах Ѓулен во интервју за „Велт“ го спореди Реџеп Таип Ердоган со Адолф Хитлер. Ѓулен беше близок сојузник на турскиот претседател, но до последниот ден во својот живот живееше во САД, а Турција го прогласи за непријател на земјата.
Од 2016 година, 292.000 луѓе се приведени, а речиси 598.000 луѓе се под истрага за нивните наводни врски со Ѓулен. Според турските министерства за одбрана и за внатрешни работи, речиси 21.000 припадници на вооружените сили, 31.000 полицајци, повеќе од 5.500 жандармериски службеници и 509 припадници на крајбрежната стража исто така останале без работа поради наводни врски со Ѓулен. Повеќе од 30.000 луѓе се уште се во затвор поради наводни врски со свештеникот, а повеќе од 125.000 државни службеници се отпуштени.