Задутре е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија по повод прослави на Денот на македонската револуционерна борба, познат како Ден на ВМРО.

За сите граѓани на РМ:

23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба,
8 декември (недела), „Св. Климент Охридски“, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.

Празниците за граѓаните од православна вероисповед кои се со неработни денови се веќе поминати.

За граѓаните од католичка вероисповед

01 ноември (петок), Празникот на сите светци,
25 декември (среда), првиот ден на Божиќ.

За граѓаните припадници на албанската заедница

22 ноември (петок), Ден на албанската азбука.

За граѓаните припадници на еврејската заедница

Деновите се веќе поминати.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница

Овие денови веќе се поминати.

За граѓаните припадници на турската заедница

21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.