Oпозициската СДСМ предлага зголемување на минималецот на 450 евра. Методологијата останува иста, она што предлагаат е промена на само еден член во законот со кој ноемвриска плата би пораснала за 12,3 %, а потоа согласно досегашната методологија и закон ќе се усогласува еднаш годишно во месец март. Ваквиот потег според лидерот на партијата Венко Филипче е поради немањето мерки за покачување на платите од страна на Владата, а вели работниците се во тешка економска состојба.
„Ние предлагаме платата да порасне за 12,3% па понатаму целата методологија и пресметката да остане иста.Тоа значи дека платата од март следната година би тргнувала од оваа сума која што ја предлагаме а би била ноемвриска плата би се исплатила во месец декември.“ -изјави Венко Филипче – претседател на СДСМ.
Од власта контра опозицијата, преку низа контрааргументи претникот од ВМРО ДПМНЕ, Бојан Стојановски, кажа зошто тие како партија вакво законско решение нема да поддржат.
„Бројката на покачување која ја кажаа е 12,3 %, сегашната минимална плата изнасува 22 567 денари и ако додатете 12 проценти покачување платата би била 25 340 денари а не 27 700 денари а не како што ако идеме по математиката и тоа што треба да биде егзактна наука кој што е постулат на економијата би било покачување од 22, 74 %, цели 10 % СДСМ и нејзиниот лидер имаат промашено во законот кој сакаат да го предложат…“ -изјави Бојан Стојановски – пратеник од ВМРО ДПМНЕ.
Минилната лата во земјава во моментов изнесува 22 500 денари. Се усогласува еднаш годишно. Според пресметките на ССМ, на едно 4 члено семејство за храна, пијалаци и режиски трошоци му се потребни речиси 3 минимални плати за да го протурка месецот. Минимланата синдикална копничка со месеци наназад е над 60 000 денари.