Министерот за транспорт и врски во текот на вчерашниот ден присуствуваше во Солун каде зема учество на форумот за поврзување на Југоисточна Европа. Тој ги соопшти приоритетите на Владата и неговата визија за регионот. Тој потенцираше дека како Влада се фокусирани на изградба на неколку автопати и брзи патишта на Коридор 8 и 10.
Николоски е категоричен дека економскиот развој на регионот зависи од инфраструктурното поврзување. Тој вели дека Владата има амбициозна агенда во патната и железничката мрежа.
Нови можности за економска соработка! Форум за поврзување во Југоисточна Европа во Солун. Нови работни места и инвесиции за Македонија!, пишува министерот Николоски.
Видеото може да го погледнете во продолжение:
View this post on Instagram