Помилуван, па повторно уапсен

Помилуван, па повторно уапсен. Ѝ се заблагодари на претседателката за помилувањето, но на вратата од затворот Идризово веднаш е уапсен и однесен пред истражен судија. Акиф Равмановски, еден од помилуваните од претседателката Гордана Сиљановска Давкова е осомничен за дело – убиство во обид. Инцидентот за кој се товари е од 14-ти октомври.

Во Чаир пукал од пиштол, со умисла да убие, но лицето го повредил во нога, а барутните честички на рацете на Равмановски потврдиле дека тој пукал – соопшти Јавното обвинителство кое бара мерка притвор за осомничениот.

МВР го потврди апсењето

Од МВР го потврдија апсењето на Равмановски кој бил познат под прекарот Јусуфи. Оттаму велат дека денеска полициските службеници од лишиле од слобода 29 годишниот арачиновец заради пукањето во Чаир кое се случи на 14.10.2024 година.

„Пукал за да убие“

Инцидентот за кој се товари е од 14-ти октомври. Во Чаир пукал од пиштол, со умисла да убие, но лицето го повредил во нога, а барутните честички на рацете на Равмановски потврдиле дека тој пукал, соопшти Јавното обвинителство кое бара мерка притвор за осомничениот.

Реакции по помилувањата

Низа негодувања предизвика помилувањето на десеттемина осудени.

Кои се десетте осуденици кои ги помилува Гордана Силјановска Давкова?

Покрај екс-градоначалникот на Битола, Талески помилувани се и неколкумина членови на криминални банди. Опозициската СДСМ бара од претседателката веднаш да ја повлече одлуката, но бара да се изјасни и министерот за правда Филков дали од министерството е дадено позитивно мислење за помилувањата.

Помилувањето не смее да биде злоупотребено за политичка битка – велат од Министерството за правда. Комисијата за помилување пред себе мора да ги има фактите за делото врз кое е донесена осудителната одлука како и пропратните документи без да биде наведено име.

„Имајќи ја предвид процедурата за помилување, но и временската рамка кога е испратено мислењето од Министерството за правда, во време на предизборие, се добива впечатокот дека овој процес е злоупотребен. Воедно, и отворањето на детали од процедурата од опозицијата посочуваат токму на подметнување на кукавичко јајце во овој процес“-велат од Министерството за правда.

Последниот збор го има Сиљановска Давкова

И додека претседателката Гордана Сиљановска Давкова рече дека помилувањата се по предлог на комисијата и дека подоцна видела оти станува збор за интересни ликови во негативна смисла, еден од членовите на таа комисија посочи дека тие предлагаат, но последниот збор го има претседателката.