Премиерот Христијан Мицкоски очекува ЕУ да и помогне на земјата за одблокирање на евроинтеграции, преку изнаоѓање решение со кое државата да го задржи достоинството, што ќе значи гаранција дека во иднина нема да има нови барања што не се во согласност со европските вредности. Претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен пак искажа поалби за реформската агенда, ја најави авансната исплата на 52 милиони евра – првите средства од Планот за раст за ЗБ за земјата и порача дека ЕУ ќе и помогне на земјата да ја спроведе преземената обврска на секој дел од патот.
Ние имаме јасна цел, а тоа е да се отвори кластерот фундаментални вредности што е можно поскоро. Речиси сме таму, треба да поминат уставните промени на кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи. Со заеднички дијалог се надевам дека сите политички сили ќе се здружат во земјата и ќе направат потребните заеднички чекори за напредо и уверена сум исто како и вас дека можеме да ги надминеме пречките кои постојат, рече вчера претседателката на ЕК Фон Дер Лајен на заедничката прес-конфернција со премиерот Христијан Мицкоски.
-Драг Христијан, бидете сигурен дека проширувањето ќе остане врвен пориоритет на Европската комисија во следните пет години. Сега ги имаме сите потребни алатки и инструменти за да го овозможиме тоа, рече таа.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, во придружба на премиерите на Холандија и Хрватска, Марк Руте и Андреј Плековиќ, во вторник ќе ја посети Босна и Херцеговина.
Претседателката на ЕК посочи дека Македонија постигна многу и дека покажа одлучност во преземањето на секој чекор.
-И навистина сакам да ја пофалам Македонија и да одадам почит на луѓето. Сега работата навистина мора да продолжи, рече Фон Дер Лајен.
Таа оддаде почит и на како што кажа 100 – процентата усогласеност на земјава со надворешната и безбедносната политика на ЕУ како и за поддршката на Украина, и се осврна на придобивките од Планот за раст на Западен Балкан за луѓето и за бизисите.
-Тоа е нашиот заеднички патоказ да ги приближиме економиите на ЗБ до нашите и постепено да ги интегрираме нашите економии. Ја отвораме вратата на единствениот европски пазар во одредени сектори за компании од Македонија, а за возврат вие ќе спроведете важни реформи за да имаме изедначено поле за игра, а тоа ќе биде придружено со дополнителни инвестиции од ЕУ во Македонија. Мина веќе една година откако го почнавме ова, и морам да кажам дека земјите од ЗБ ги испорачаа своите резултати, ја имааат агендата за реформи, исто и Македонија. Македонија заврши навистина добра работа, имаме одлични реформи и треба да почнеме со 52 милиони евра до крајот на годината, а треба да добиете повеќе од 750 милиони евра според Планот за раст, рече меѓу другото претседателката на ЕК.
Во моментов во Владата се одржува тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и претседателката на ЕК Фон дер Лајен, по што ќе се одржи билатерална средба помеѓу двете делегации.
Премиерот Мицкоски истакна дека Владата високо ја цени заложбата на претседателката на ЕК за нашиот евроинтеграциски пат и дека очекува ЕУ заедно со нас да помогне како да го продолжиме тој пат почитувајќи го ставот на граѓаните. Мицкоски изрази убеденост дека заедно може да се надминат овие пречки.
-Владата, високо ја цени заложбата на претседателката за проширувањето на Европската Унија во најскоро време. Во овие услови на променета геополитичка ситуација во светот, нашата земја останува стабилен, сигурен и посветен партнер на ЕУ. Но, очекуваме Европската Унија заедно со нас да помогне во изнаоѓањето на начини како да продолжи нашиот европски интегративен пат, истовремено уважувајќ ги легитимните ставови на нашите граѓани дека во иднина нема да се соочуваме со барања кои се во длабока спротивност со идеите на кои што почива самата ЕУ. Очекуваме од Европската Унија да го препознае нашиот напредок и да продолжи да ни дава поддршка во овој процес, многу е важна поддршката, рече Мицкоски.
Веруваме, додаде тој, во принципот на фер и заслуги и верувавме дека нашите континуирани напори ќе бидат соодветно вреднувани.
-Нашата цел е јасна, но паот до неа бара заеднички труд. Соработката, дијалогот и меѓусебното разбирање кои што се од суштинско значење. Убедени сме дека заедно можеме да ги надминеме сите пречки и да изградиме подобра иднина за нашите граѓани. Со нетрпение очекуваме да ја продолжиме соработката и да го забрзаме нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија, посочи премиерот Мицкоски изразувајќи благодарност до претседателката на Европската комисија за нејзината лична посветеност и поддршка.
Претседателката на ЕК на новинарско прашање за тоа дали смета дка условувањата кон земјава за уставни измени се диксриминирачки, но и дали уставните измени со одложено дејство се прифатливи рече дека ЕУ ќе и помогне на Македонија да ја спроведе преземената обврска на секој дел од патот.
-Ние ќе помогнеме да се спроведе обврската што Македонија ја презеде како суверена земја на секој дел од патот. За мене е мошне важно тоа што имаме јасна цел. Работам колку што можам за да можеме да ги отвориме преговорите за кластерот „Темели“, тоа е нашата краткорочна цел засега и уставните промени треба да се разработат. За мене тоа е важно, важно е и е во интерес на Македонија да бидеме успешни и затоа сакам да ве уверам дека ќе бидеме со вас на секој дел од патот за да стигнеме до заедничката цел. Може да сметате на нас. И мене ми е навистина важна, да не се вртиме многу наназад, туку да гледаме кон иднината и сакаме да го пишуваме следното поглавје од нашата заедничка иднина заедно, рече претседателката на ЕК.
Одговарајќи на новинарско прашање дели во ЕУ има расположение за планот за уставни измени со одложено дејство и дали би добиле некаква гаранција доколку ти се спроведат, дека нема да има нови барања од Бугарија, Мицкоски напомена дека само со таа синергија ќе се дојде до конечната цел а тоа е земјава да стане дел од европското семејство.
–Мислам претседателката беше многу јасна и прецизна .. Потребно е да работиме, потребно е да работиме напорно за да дојдеме до целта, а целта е регионот и ние бидеме дел од европското семејство и ЕУ. Ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да ги споделуваме европските вредности. Ќе направиме се што е потребно од наша страна да ја доближиме ЕУ до граѓаните, нешто што петставува и задача наша, но и желба, бидејќи повеќе од 75 проценти од граѓаните иднината ја гледат токму како дел од европското семејство. Јас како прв човек на Владата, ќе продолжам да работам исклучиво во интерес на граѓаните и тоа што за нив претставува прв приоритет, а нивен прв приоритет е истовремено да живеат подобро, да владее правото, да се постигнуваат реформи, европските вредности да бидат дел од нашето секојдневние, но истовремено да бидат зачувани гордоста, достоинството, да не бидат понижени и да не бидат поразени. И мислам дека ако направиме една убава синергија, на сето ова за коешто зборував како одговор на вашето прашање, мислам дека ќе дојдеме до конечната цел, а конечната цел е да бидеме дел што е можно поскоро од европското семејство, нагласи Мицкоски.