Министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николоски, го повика обвинителството да ја истражи причината зад набавката на само 26 тркала за локомотивите, иако биле потребни 32 тркала. Во своето обраќање на ТВ21, Николоски ја изнесе загриженоста за состојбата на желеницата и изрази потреба за итно подобрување.

„Кога ја презедов функцијата, железницата беше во критична состојба“ со 0 оперативни локомотиви

  • „Кога ја презедов функцијата, железницата имаше нула оперативни локомотиви. Имавме 15 товарни возови оставени на пругата помеѓу Гевгелија и Куманово со недоставена роба, што само чекаше да резултира со казни поради доцнење,“ рече Николоски.

Министерот информира дека и покрај постоечките предизвици, моментално се опративни четири локомотиви. „Иако за функционалност се потребни 32 тркала, купени се само 26. Се соочуваме со проблеми поради овој недостиг, но работиме на зголемување на бројот на функционални локомотиви до крајот на годината,“ истакна Николоски.

Зголемување на товарниот железнички сообраќај

Николоски исто така го истакна позитивниот развој на товарниот железнички сообраќај, потенцирајќи го растот во активностите.

„Во август низ нашите пруги поминаа само 12 товарни воза, додека веќе во првата недела на септември поминаа 17 товарни воза. Следната година очекуваме уште поголем пораст, бидејќи работиме на долгорочна стратегија за целосно обновување на железницата,“ нагласи тој.

Оваа изјава на Николоски ја истакнува потребата за подобрена инфраструктура и поголем капацитет на железничкиот сектор за да се постигне повисоко ниво на услуга и навремена испорака на роба.