Вчера во 15.20 часот во СВР Тетово, од страна на 80-годишниот А.И било пријавено дека во 2017 година без негово присуство Тетовскиот основен суд донел пресуда врз основ на лажно прикажување на факти и докази.

Од она што може да се види од пријавеното во судот биле поднесени лажни докази дека тој бил починат, а целата таа процедура била водена од адвокат кој поднел лажни докази – фалсификувано полномошно дека бил негов застапник и застапник на неговата ќерка.