Првите резултати од владината поддршка за нови авиолинии ги дадоа резултатите. Имаме шест нови ексклузивни линии, а особено ми е драго затоа што охридскиот аеродром го отвораме за еден од најголемите аеродроми во Европа, аеродромот во Истанбул кој претставува аеродром со најголем број конекции кон Европа и светот, истакна заменик ретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во гостувањето на ТВ Алфа.
Тој потенцираше дека ова е огромна можност за зголемување на туризмот посебно во охридскиот регион и додаде дека оваа линија кон Истанбул, вклучувајќи ја и новата линија Охрид – Базел Милхаус – Охрид, ќе даде нов инпут за развојот на авиосообраќајот имајќи предвид дека имаме голема дијаспора низ Европа и светот но и можност за граѓаните од Албанија да ги користат новите линии од охридскиот аеродром.
Во однос на скопскиот аеродром за мене најзнаајна е дестинацијата Скопје – Дубаи бидејќи сметам дека Македонија треба да ја отвораме кон средниот и далечниот Исток, има многу можноста за водење бизнис, македонските компании да продаваат на тој пазар, а и инвеститори да доаѓаат во Македонија. Со оваа директна линија значи отворање на многу точки кон Азија. Исто така интересна е дестинација Барселона која што сум сигурен дека ќе ја користат многу македонски граѓани а исто така многу туристи од Шпанија би ја користеле. Ова линија ќе биде годишна а не сезонска. Тука е и Штутгарт како и целосно нова дестинација Лион каде ја отвораме Јужна Франција и се отвора можноста бројни туристи да доаѓаат во Македонија – истакна министерот Николоски.
Во однос на цената, тој потенцираше дека очекува цените на билетите да бидат достапни за граѓаните меѓу 40 – 60 евра, а дека има интерес за нови дестинации потврди дека веќе во ноември ќе се распише и втор јавен повик за финансиска поддршка каде се очекува отворање на уште четири до пет нови дестинации.