Професорот на Правниот факултет – Гордан Калајџиев предмалку на Фејсбук напиша дека членовите на Комисијата за помилување поднесуваат колективна оставка од позициите.
„Со ова ја известуваме јавноста за нашата колективна оставка од позициите членови на Комисијата за помилување. Оваа одлука ја донесовме во согласност со нашите лични и професионални принципи.Со почит,
Проф. д-р Методија Каневчев, Проф.д-р. Гордан Калајџиев, Проф.д-р. Арлинда Кадри Шахиновиќ, д-р. Зора Митиќ, М-р Ана Ѓорѓиева Ивановска, Ајтен Шаќири“ се вели во постот на професор Калајџиев.