Премиерот Мицкоски денеска по извршениот надзор во работата на автопатската делница Гостивар – Букојчани, одговарајќи на новинарско прашање колку проекти се предвидени од транспортот и инфраструктурата, при отпочнувањето на првата фаза за капитални проекти од општините, информираше дека вкупно 350 проекти се предвидени, вклучитлно со дополната којашто треба да се случи до средината на месец ноември. Средствата кои ќе бидат наменети само за секторот транспорт се повеќе од 2 милијарди денари.

„Во тотал со оние проекти кои очекуваме да бидат дополнети до кај 15 ноември, ќе ја заминеме бројката 350. Минус една општина којашто за жал конкурираше со проект кој е во фаза на изградба на избран изведувач и тука ние не можеме ништо да направиме. Жалам што така одлучи раководството на таа општина, градоначалникот. Во секторот транспорт, мислам дека е повеќе од 2 милијарди денари. Мислам дека 2 милијарди и 400. Таму ќе има нови улици, водоводи, канализации, булевари навистина ќе биде нешто коешто досега не се случило. Епски проект, она коешто им е битно на граѓаните“, истакна премиерот Мицкоски.

Премиерот подвлече дека фокусот на Владата е да работи за интересот на граѓаните, не како што работеше претходната Влада, којашто го гледаше својот интерес.

„Наш интерес се граѓаните, ние работиме за нив. Не работиме како што работеше претходната разбојничка влада на СДСМ и ДУИ, да го гледаш својот интерес, па сега во опозициј ќе си пишуваме писменце, туку работиме за интересот на граѓаните. Тоа е она коешто е наш фокус ние не го губиме времето во пишување писменца, туку во работа и така и ќе продолжиме“, додаде премиерот.