Утринава дојава за бомба во фабриката „Кромберт и Шуберт“ во скопската Технолошко развојна зона ги вознемири вработените. Сите го напуштија објектот додека траеја проверките. Констатирано беше дека се работи за лажна пријава.

Веста за „Фокус“ ја потврдија и од МВР:

„На 29.10.2024 год. во 08.20 часот во СВР Скопје, вработена в правно лице од н. Илинден во Скопје пријавила дека на службениот меил на правното лице во 06 часот стигнала порака дека во фабриката е поставена експлозивна направа. Веднаш се упатени екипи на СВР Скопје и Единицата за антитероризам и откако биле извршени потребните проверки, не била пронајдена експлозивна направа, односно констатирано е дека станува збор за лажна пријава“.