Иако вакцините беа првенствено најавени како наменети за доктори и здравствени работници, Радио Лидер дознава дека се случила вакцинација преку ред на министри, директори од власта и пратеници.
На редакцијата и се познати имињата на оние кои се вакцинирале, но, информацијата е од класифициран карактер и доколку ја објавиме оваа злоупотреба ќе значи дека повторно ќе се води судски процес против компанијата и главниот уредник.
Власта намерно листата ја стави како класифицирана информација, за да се избегне објавување на имињата.
На листата на вакцинирани, иако не се доктори, има најмалку тројца министри, двајца пратеници и неколку директори на државни компании.
Со овој чин власта ги ставила во ризик докторите кои секојдневно се во првата линија на борба против вирусот, тие ќе чекаат на вакцини на сметка на овие државни фунционери.