Рускиот претседател Владимир Путин му изрази сочувство на српскиот претседател Александар Вучиќ по повод трагедијата што се случи на железничката станица во Нови Сад, соопшти Кремљ.
– Почитуван господине претседателе, ве молам примете го моето најдлабоко сочувство за трагичните настани во Нови Сад. Граѓаните на Русија ја споделуваат тагата на братскиот српски народ. Пренесете го моето искрено сочувство и поддршка на семејствата на жртвите, како и искрени желби сите повредени што поскоро да закрепнат – се наведува во пораката.
Во цела Србија денеска е Ден на жалост поради несреќата во Нови Сад, во која загинаа 14 лица поради уривање на покривот на Железничката станица.
Во Нови Сад е тридневна жалост. Клиничкиот центар на Војводина соопшти дека нема нови жртви и дека тројцата повредени се уште се во тешка општа состојба.