Во моментов претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски извршува надзор во работата на патниот правец Прилеп-Битола, дел од Коридорот 10д.

Утрово министерот Николоски најави дека ова е „Почеток на проект што се чека со децении“. Изјава за медиуми денеска ќе дадат премиерот Мицкоски и министерот Николоски.

Министерот Николоски најави одлични вести утрово.