Познатиот музичар, продуцент и актер, Квинси Џонс, почина на 91-годишна возраст. Актерот почина во неделата вечерта, во својот дом во Лос Анџелес, опкружен со семејството.
Квинси е роден во 1933 година во Чикаго и многу рано покажа талент за музика, свирејќи труба и пијано како тинејџер. Кариерата ја започна како џез музичар, но набрзо неговата работа се прошири и на продуцентската работа, па како продуцент и аранжер промовираше иновативни идеи за подобрување на секој проект на кој работеше. Џонс работеше на најпродаваниот албум на Мајкл Џексон „Thriller“ и „We Are the World“, глобален хит снимен за хуманитарна помош во Африка. Тоа му донесе светска слава и безброј признанија и награди.
Неговата работа не застана само на музиката. Покрај работата на тоа поле, Квинси Џонс беше активен и во филмската индустрија како композитор и продуцент на филмски партитури. Неговите композиции можеа да се слушнат во класици како што е филмот „The Color Purple“, за кој беше номиниран за Оскар. Тој исто така беше пионер во промовирањето на афро-американските таленти во светот на забавата.
Неговата кариера траеше 70 години. Со вкупно 28 победи на Греми и импресивен број од 80 номинации, Квинси Џонс ќе влезе како еден од најнаградуваните уметници во музичката историја. Неговата љубов, страст и талент за музиката ќе остави неизбришлива трага и ќе инспирира нови генерации музичари и уметници ширум светот.