Народот чека одговори од Венко Филипче што и како барал во Дубаи на забава на Харис Џиновиќ. Додека власта напорно работи да ги санира последиците од владеењето на СДСМ и ДУИ, на нив очигледно воопшто не им се важни проблемите на македонските граѓани и воопшто не пробуваат да бидат конструктивна опозиција.
Социјал-демократите воопшто не се однесуваат социјал-демократски, туку целосно елитистички. Во луксузно опкружување, во луксузниот Дубаи тие уживаат во забава на која гостин е Харис Џиновиќ. За оваа вест известија и српските медиуми кои ја нарекоа „Дернек каков што Дубаи не памти“. Веселба каква што не се памти и за социјал-демократскиот врв.
Српски Телеграф информира дека забавата на Харис Џиновиќ се одржала на 26 октомври, но таа била две вечери по ред, а билетите биле распродадени еден месец однапред. Големата веселба се одржала во хотелот Хилтон.
(ВИДЕО) Филипче на приватна журка во Дубаи со Заев и Харис Џиновиќ
Во меѓувреме, Заев и Филипче удобно уживаа во забавата. На Венко Филипче му е поинтересно да биде во Дубаи во елитистичката престолнина отколку да ги чуе македонските граѓани во својата држава.
Видеото од нивната забава го објави новинарот Латас.
Јавноста чека одговори од Венко Филипче.